Достапни линкови

Сите се за предвремени избори


ВМРО-ДПМНЕ прифати парламентрани избори заедно со вториот круг од претседателските на 27 април. СДСМ соопшти дека и тие се подготвени за изборно соочување. Претходно ДУИ побара распуштање на Парламентот и предвремени избори.

ВМРО-ДПМНЕ ја прифаќа фрлената ракавица од ДУИ и прифаќа да се одржат предвремени парламентрани избори заедно со вториот круг од претседателските на 27 април, изјави премиерот Никола Груевски на конвенцијата за избор на кандидат за шеф на државата.
Затоа веќе е јасно зошто и бараат консензуален кандидат, за да не го добијат и да одат на обид за пропаѓање на претседателските избори и притисок за промена на Уставот за партиите, а не граѓаните да избираат претседател.

Груевски вели дека ДУИ преку уцени сака да добие едно од трите раководни места во државата. Тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ не подлегнува и не прифаќа никакви уцени и закани кога се во прашање националните и државните интереси на Македонија.

„Тоа досега на сите им е јасно, а и на ДУИ. Затоа веќе е јасно зошто и бараат консензуален кандидат, за да не го добијат и да одат на обид за пропаѓање на претседателските избори и притисок за промена на Уставот за партиите, а не граѓаните да избираат претседател“, изјави премиерот.

Груевски побара од членството на партијата и од граѓаните на Македонија двојна победа на претседателските и на парламентарните избори на 27 април. Премиерот вели дека на Македонија и е потребен претседател кој ќе биде обединувачки фактор и достоинствено ќе је претставува државата и граѓаните.
По спроведувањето на предвремените парламентарни избори, политичките субјекти кои ќе добијат легитимитет ќе постигнат договор за коалицирање и ќе формираат парламентарно мнозинство.

„Само така ќе биде корисен за државата. Стабилна личност која ќе знае да повлече луди чекори од државен и национален интерес, кој знае да издржи неправди и критики и да остане со здрав разум при носењето на одлуките, им порача Груевски на 1236 делегати кои треба да го изберат кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за шеф на државата.

Иванов повторно кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател

Актуелниот претседател Ѓорге Иванов повторно е избран за кандидат на ВМРО-ДПМНЕ на изборите за шеф на државата што ќе се одржат на 13 април. Иванов доби поддршка од 1.099 од вкупно 1.236 делегати кои присуствуваа на денешната конвенција на владејачката партија.
Денеска, јавноста во Република Македонија ја проследи последната епизода од серијалот глумење конфликт за предизвикување предвремени парламентарни избори.

Противкандидати на Иванов му беа универзитетскиот професор Јове Кекеновски кој освои 124 гласови, магистерот на науки Божидар Ночев доби еден, а адвокатот и поранешен јавен обвинител Ставре Џиков десет гласови од делегатите на конвенцијата. Две гласачки ливчиња се наважечки.

ДУИ - нема консензуален претседател, има предвремени избори

Пратеничката група на ДУИ претходно до Собранието поднесе иницијатива за негово распуштање и распишување предвремени парламентарни избори.

Од ДУИ велат дека причина за ваквиот чекор е тоа што не е прифатен нивниот предлог за консензуален претседателски кандидат. Партијата смета дека сега е најдобриот момент и за конкретни чекор во однос на интеграцијата на земјата во евроатлантските структури.

Одржувањето на предвремени парламентарни избори, според ДУИ, е во интерес и на подобрување и унапредување на дијалогот и односите со соседните земји, како и можност за отварање на теми кои се во интерес на граѓаните и земјата.

„По спроведувањето на предвремените парламентарни избори, политичките субјекти кои ќе добијат легитимитет ќе постигнат договор за коалицирање и ќе формираат парламентарно мнозинство. Тргнувајќи од горенаведеното и од други причини, ДУИ смета дека има потреба од потврдување на мандатот од страна на граѓаните и легитимирање на нашите политики. Ова може да се постигне само со организирање на предвремени парламентарни избори“, стои во образложението.

ДУИ ги повикува сите парламентарни групи да се приклучат кон нивната иницијатива и да го поддржат предлогот за распуштање на актуелниот парламентарен состав. Апелира до сите политички и државни институции, како и до граѓаните, да дадат свој придонес за спроведување на слободни, фер и демократски избори.

СДСМ - Подготвени сме за изборно соочување

Од опозициската СДСМ соопштија дека се подготвени за изборно соочување.
Според партијата, „шестгодишната коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ е со катастрофални последици за Република Македонија“.

„Државата е целосно уназадена. Казната за ваквите политики граѓаните ќе и ја испорачаат на власта на претстојните избори. Денеска, јавноста во Република Македонија ја проследи последната епизода од серијалот глумење конфликт за предизвикување предвремени парламентарни избори, премиерно прикажан во 2011-тата година“, стои во соопштениетот на СДСМ.

Ако изборите се одржат на 27 април, паралелно со вториот круг од претседателските, Собранието треба да се самораспушти во првата недела од март, а тие да бидат распишани во периодот од 10 до 13 март.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG