Достапни линкови

Руската Дума бара Путин да ја стабилизира ситуацијата во Крим


Претседателот на Думата, Сергеј Наришкин.

Претседателот на Думата, Сергеј Наришкин.

Руската државна Дума побара претседателот Владимир Путин да „преземе мерки за да се стабилизира ситуацијата“ во украинскиот регионот Крим. Од Путин тие побараа да „ги искористи сите расположливи средства за да се заштитат луѓето на Крим од тиранијата и насилството.“ Претседателот на Думата, Сергеј Наришкин, изјави дека го повиклае Путин да преземе акција. Наришкин вели дека руските законодавци се многу загрижени за извештаите дека „непознати вооружени лица“ се обидуваат да ги преземат зградите на локалната власт во главниот град на Крим-Симферопол, вклучувајќи го и седиштето на Министерството за внатрешни работи на Крим. Властите во Киев велат дека Кремљ од вчера веќе распоредил повеќе од 6.000 руски војници и најмалку 30 оклопни возила во Крим. Про-рускиот премиер на Крим денеска потврди дека руските сили се распоредени на „клучните згради“ во Крим.
XS
SM
MD
LG