Достапни линкови

logo-print

Квотата за увоз на пченица ќе трае цела година


Квотата од Светската трговска организација за увоз на пченица, наместо шест месеци како досега, ќе трае цела година. Ова е едно од усвоените барања на мелничарите по работната средба во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Како што информира Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија, предвидената квота од 80.000 тони е доволна, но преработувачите предложија, а министерството прифати, увозот да почне по жетвата, од средината на јули, и да трае цела година, а не само во првите шест месеци.
XS
SM
MD
LG