Достапни линкови

Бан Ки-мун разговараше со Василакис


Архивска фотографија: Медијаторот на ОН во спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц, македонскиот преговарач во спорот Зоран Јолевски и грчкиот преговарач Адамантиос Василакис.

Архивска фотографија: Медијаторот на ОН во спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц, македонскиот преговарач во спорот Зоран Јолевски и грчкиот преговарач Адамантиос Василакис.

Грчкиот пратеник во разговорите за спорот за името Адамантиос Василакис вчера во Њујорк се сретна со генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун.

Од Обединетите нации не дадоа повеќе информации за средбата, по која не објавија ниту соопштение.

Не е предвидено при оваа посета на Василакис во Њујорк да се одржи средба и со македонскиот претставник Зоран Јолевски. Се очекува Василакис да се сретне и со пратеникот на генералниот секретар за спорот за името, амбасадорот Метју Нимиц.

При неговата средба со претседателот на Владата на Македонија Никола Груевски минатиот септември, за време на Генералното собрание на Обединетите нации, генералниот секретар Бан Ки-мун најави дека лично ќе се заложи за интензивирање на разговорите меѓу Македонија и Грција.
XS
SM
MD
LG