Достапни линкови

logo-print

Русија нема да го „игнорира“ Крим


Крим.

Крим.

Кабинетот на рускиот претседател Владимир Путин соопшти дека Русија нема да го игнорира барањето за мировна поддршка од Сергеј Аксионов, прорускиот премиер на украинскиот регион Крим. Аксионов денеска побара помош од Путин и изјави дека војската, полицијата, граничната служба и безбедносните служби треба да ги слушаат само неговите наредби. Тој рече дека командирите што не се согласуваат со тоа, треба да си дадат оставка. Вооружени лица за кои се смета дека се руски војници вчера беа распоредени на клучните аеродроми на Крим. Во меѓувреме се појавија информации дека на аеродромите ноќеска дошле руски транспортни авиони со војници. В.д. претседателот на Украина Олександр Турченко ја обвини Русија за агресија во Крим. Турчинов го повика Путин да запре со провокациите и да ги повлече руските воени сили. Американскиот претседател Барак Обама предупреди дека секоја руска воена интервенција во Украина „ќе ја чини“ Москва.
XS
SM
MD
LG