Достапни линкови

Временска прогноза - Променливо облачно и релативно топло


Илустрација.

Илустрација.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло со повеќе сончеви периоди. Кон крајот на денот и во ноќните часови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Температура ќе се движи од 11 до 16 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и релативно топло, со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец со температура до 15 степени.
XS
SM
MD
LG