Достапни линкови

Реконструкцијата на објектот и фасада на Министерството за правда досега од буџетот повлече речиси 3,5 милиони евра.

Реконструкцијата на објектот и фасада на Министерството за правда досега од буџетот повлече речиси 3,5 милиони евра. Само за дополнителни и непредвидени градежни работи околу фасадата на зградата на сметката на италјанската компанија „Ламоде Мореда“ и на домашната „Неимар инженеринг“ легнале речиси половина милион евра. Со нив треба целосно да се довршат замислените антички столбови на зградата на Министерството за правда, на чија фасада ќе биде поставен и ликот на римската божица на правдата Јустиција.

Моќта е кај нив, парламентарното мнозинство е кај нив и јас не знам што сè предвидуваат како измени, но можам да кажам дека објекти од Скопје 2014 понатаму нема да има, се разбира затоа што ние нема да дозволиме промена на ДУП-овите.
Реконструкцијата на зградата каде што досега беше сместено Министерството за транспорт и врски на плоштадот Карпошово Востание досега чини околу 5 милиони евра.

Изработката основен проект за плоштадот ВМРО градската администрација ја чинело 15 илјади евра, додека, пак, за градежната изведба засега се предвидени 1,4 милиони евра.

Ќе се продолжува и очигледна е интенцијата да се продолжи со неконтролирано трошење на парите на граѓаните за да се обезбедат лични интереси.
Град Скопје планира да потроши 6,5 милиони евра за барокни фасади во централното градско подрачје во наредните три години. Според планот во годинашниот буџет, владината служба за општи и заеднички работи има обврска да ги доврши објектите на Јавното обвинителство, Управата за финансиска полиција и управата за финансиско разузнавање, зградата за Јавната администрација и Факултетот за драмски уметности, како и партерни уредување на кејот кај новите објекти. За реконструкција на згради на владини органи и изградба на административни згради, службата за годинава планира да потроши 3 милиони евра.

И сето тоа во неокласичен стил, во духот на објектите од десната страна на Вардар. Од таквата ситуација станува очигледно дека проектот Скопје 2014 не завршува, градењето во тој дух продолжува само без името, велат аналитичарите.

Градоначалникот на скопската Општина Центар, Андреј Жерновски, вели дека тоа што градската администрација уште пред една година планирала да ги преслече фасадите во барок само укажува на фактот дека власта сака да си го продолжи проектот, но општината не се откажува од борбата против тоа.

„Скопје 2014 не може да продолжи и нема да продолжи откако ние дојдовме на власт. Сега се обидуваат на мала врата со фасадите, тоа е нешто што го направија со измени на закон. Моќта е кај нив, парламентарното мнозинство е кај нив и јас не знам што сè предвидуваат како измени, но можам да кажам дека објекти од Скопје 2014 понатаму нема да има, се разбира затоа што ние нема да дозволиме промена на ДУП-овите“, вели Жерновски.

Слаѓана Тасева од Транспаренси Интенејшнал Македонија вели дека станува очигледно оти власта не сака да застане со планирањето и проектирањето на менувањето на ликот на Скопје.

„Значи да, ќе се продолжи со трошењето на парите онака како што беше тоа и досега случај со проектот Скопје 2014. Очигледно дека некој сака да најде начин да го продолжи тој процес“, вели Тасева.

Таа додава дека како што покажаа анализите на досегашниот проект со градењето на спомениците од Скопје 2014, повторно се прави слика на привид дека се работи согласно уставот и законите, а се прави се за истите да не се почитуваат.

„Ќе се продолжува и очигледна е интенцијата да се продолжи со неконтролирано трошење на парите на граѓаните за да се обезбедат лични интереси, затоа што тука пред сè би рекла дека е во прашање интересот на некоја потесна група на луѓе, затоа што очигледно дека овде не станува збор за интересот на граѓаните на Скопје во целина“, вели Тасева.

Таа апелира до надлежните институции да внимаваат на владеењето на правото и да си ја завршат работата во следењето и контролирањето на јавните набавки.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG