Достапни линкови

logo-print

Путин - да се избегнат насилства во Украина


Рускиот претседател Владимир Путин побара да се избегнат натамошни насилства во Украина.
Кремљ сопшти дека Путин разговарал за ова со британскиот премиер Дејвид Камерон, германската канцеларка Ангела Меркел, и претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј.
Од кабинетот на Камерон е соопштено Путин рекол во разговорот дека Русија ќе го почитува територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.
Даунинг стрит соопшти и дека Камерон и Путин се согласиле за важноста од слободни и фер нови избори во Украина.
XS
SM
MD
LG