Достапни линкови

logo-print

Киев - аеродромоите на Крим се под украинска контрола


Шефот на Советот за безбедност на Украина изјави дека двата аеродроми во Крим се "де факто" под украинска контрола, и покрај обидите на вооружени лица да ги превземат.
Андреј Парабиу рече дека вооружените лица ги поставиле контролните пунктови надвор од аеродромите.
Украинскиот министер за внатрешни работи, Арсен Aваков, претходно изјави дека аеродромите во Севастопол, каде што се наоѓа руската црноморска флота како и главниот град на Крим, Симферопол, биле контролирани од Руската морнарица војници. Украинскиот парламент ја повика Москва да не го поткопува украинскиот национален суверенитет.
Црноморската флота негираше дека нејзини војници се прфрлие во аеродромите, а руското Министерство за надворешни работи соопшти дека настаните во Крим се резултат на внатрешните политички разлики.
Тензиите се зголемени во Крим, во кој мнозинство се етнички руси кои не се согласуваат со соборувањето на про-рускиот претседател Виктор Јанукович.
XS
SM
MD
LG