Достапни линкови

logo-print

ВМРО-ДПМНЕ: Утрешниот протест е дело на СДСМ


СДСМ го организира утрешниот протест на т.н. невладина организација „Македонска платформа против сиромаштијата“.

Тоа ќе биде уште еден политички настан кој оваа партија се обидува да го претстави како израз на граѓанско незадоволство, оцени денеска ВМРО-ДПМНЕ.

Во неможност да понуди конкретна програмска понуда, СДСМ пред граѓаните се обидува, преку вакви сценарија, да создаде тензии непосредно пред изборите. Низ медиумите веќе попочнаа да кружат информации дека учесниците на протестите ќе бидат донесени во Скопје, главно од општините во кои СДСМ е на власт, а за трошоците се задолжени приватни фирми кои најчесто ги добиваат тендерите и јавните набавки во овие две општини#

рече Сашо Лазаровски на прес-конференција.
XS
SM
MD
LG