Достапни линкови

logo-print

Швајцарија ги замрзна сметките на Јанукович


Швајцарските власти денеска соопштија дека ги замрзнале сметките и покренале кривична истрага против сменетиот украински претседател Виктор Јанукович и неговиот син Александар поради перење пари. Се проценува дека Александар Јанукович имал богатство од над 500 милиони долари, а во Женева трговско претпријатие специјализирано за продажба на украински јаглен. Претходно австриското министерство за надворешни работи соопшти дека ги замрзна сметките на 18 украинци поради кршење на човековите права и корупција. Министерството не ги откри имињата на украинците, но наведе дека е ова прв чекор од санкциите на Европската унија.
XS
SM
MD
LG