Достапни линкови

ОН: Сирија е „срамен“ меѓународен неуспех


Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун го оцени за срамен неуспехот на меѓународната заедница да ги запре злосторствата во Сирија. Тој ова го изјави на одбележувањето на 20 годишнината од геноцидот во Руанда кога над 800 илјади луѓе биле убиени пред да биде инволвирана Светската организација. Бан ги поврза двата конфликта, оценувајќи ги за големи неуспеси на меѓународната заедница. Околу 140 илјади луѓе загинале за време на тригодишниот конфликт во Сирија.
XS
SM
MD
LG