Достапни линкови

logo-print

Јанукович: ја продолжувам борбата


Виктор Јанукович, Ростов на Дон, 28.02.2014.

Виктор Јанукович, Ростов на Дон, 28.02.2014.

Отстранетиот украински претседател Виктор Јанукович денеска во рускиот град Ростов на Дон изјави дека има намера да ја продолжи неговата борба за иднината на Украина. Тој на првото појавување во јавноста од пред неколку дена изјави дека новите украински власти се незаконски и фашистички и оти не го претставуваат мнозинството во земјата. Тој додаде дека не е симнат од власт, туку бил принуден да ја напушти Украина по добиените закани по неговата безбедност и на луѓето околу него. Јанукович оцени дека протестите во земјата биле испровоцирани од неодговорната политика на западните земји.
XS
SM
MD
LG