Достапни линкови

Руски сили ги контролираат аеродромите на Крим


Новиот украински министер за внатрешни работи Арсен Аваков изјави дека руски маринци го блокираат аеродромот во Севастопол, додека други руски сили патролираат на аеродромот во главниот град на Крим Симферопол. Тој оцени дека станува збор за воена инвазија и окупација на Крим. Руската Црноморска флота демантира дека руски војници биле вклучени во акциите. Во меѓувреме, украинскиот парламент побара од Москва да ги стопира сите акции кои би можело да го поткопаат суверенитетот на земјата. Парламентот побара од Соединетите држави, Британија и Русија да го поддржат украинскиот територијален интегритет во границите договорени со меморандумот потпишан во 1994 година.
XS
SM
MD
LG