Достапни линкови

Куќен притвор за Алексеј Навални


Алексеј Навални

Алексеј Навални

Московскиот суд денеска му одреди двомесечен куќен притвор на познатиот критичар на руската влада Алексеј Навални, забранувајќи му пристап и на интеренет и да биде посетуван. Тој ќе биде во притвор додека трае истрагата против него и неговиот брат Олег осомничени за перење пари. Најновата казна е образложена со наводите дека тој ја прекршил претходната мерка за време на истрагата да не ја напушта Москва. Во меѓувреме, неговата Партија на прогресот денеска и официјално е регистрирана во Минситерството за правда.
XS
SM
MD
LG