Достапни линкови

Путин нареди Кремљ да соработува со украинската влада


Рускиот претседател Владимир Путин издаде серија наредби до владата во врска со нејзините односи со новите украински власти. Во соопштението издадено на интернет страницата на Кремљ, Путин и дава инструкции на владата да ги продолжи економските и трговските разговори со Киев, како и соработката со Меѓународниот монетарен фонд и Г8 околу финансиската помош на украинската влада. Дмитри Песков, портпаролот на рускиот претседател за агенцијата Интерфакс изјави дека Путин и советува на владата да го разгледа барањето на властите во Крим за хуманитарна помош.
XS
SM
MD
LG