Достапни линкови

logo-print

Вооружени војници и на аеродромот во Севастопол


Вооружени војници зазеле позиции околу Меѓународниот аеродром во Севастопол, на Крим. Агенцијата Интерфакс јави дека станува сбор за руски војници со шлемови и заштитни панцири кои биле поддржувани од оклопни возила. Агенцијата цитира воени извори кои наведуваат дека акцијата била преземена со цел да се спречело слетување „милитанти“ на Крим. Украинската агенција УНИАН прецизира дека шест камиони со војници пристигнале на аеродромот кој исто така го користи и Украинското воено воздухопловство. До ова дојде неколку часа откако 50 вооружени и униформирани лица упаднале на аеродромот во главниот град на Крим Симферопол. Новиот украински министер за внатрешни работи Арсен Аваков ги осуди ваквите акции, оценувајќи ги за вооружена окупација.
XS
SM
MD
LG