Достапни линкови

logo-print

Стејт Департмент: македонската влада недоволно го почитува владеењето на правото


Во новиот извештај на американскиот Стејт департмент се вели дека најкритичен проблем од областа на човековите права во Македонија во минатата година било тоа што владата не го почитувала во целост владеењето на правото. Се наведува дека нема јасна линија меѓу државните и партиските активности, има мешање во судството и медиумите и селективно гонење на политичките противници.
Во годишниот извештај исто така стои дека во Македонија е забележано значително ниво на владина корупција и полициска неказнетост, додека судскиот систем го карактеризираат политичко мешање, неефикасност, фаворизирање на добро ситуирани лица и корупција.
Сепак во текстот се вели дека безбедносните сили не направиле широко или систематско прекршување на човековите права.
XS
SM
MD
LG