Достапни линкови

Кери: Русија гарантира дека воените вежби немаат врска со Украина


Американскиот Државен секретар Џон Кери изјави дека добил гаранции од својот руски колега Сергеј Лавров оти големите воени вежби на руската армија немаат врска со кризата во Украина. Кери истакна дека Лавров ја потврдил изјавата на претседателот Владимир Путин оти Русија ќе го почитува територијалниот интегритет на Украина. Тој додаде дека побарал од Русија да им се приклучи на САД и другите земји да помогне во стабилизацијата на Украина и да не презема какви било провокативни акции.
Говорејќи на заедничката прес конференција со својот германски колега Валтер Штајнмаер, Кери рече дека со Лавров разговарале и за ситуацијата во украинскиот тензичен регион Крим.
Русија соопшти дека во воените вежби на нејзината армија учествуваат околу 150 илјади војници.
XS
SM
MD
LG