Достапни линкови

Десетици загинати и повредени во бомбашки напади во Багдад


Десетици лица загинале или се повредени во неколкуте бомбашки напади во главниот град на Ирак, Багдад. Најкрвавиот инцидент се случил на пазар во Садр Сити, во источен Багдад, каде што живеат претежно шиитски муслимани, при што загинале 31 лице, а повеќе од 50 биле повредени.
Засега никој не ја презел одговорноста за нападите, но сунитски бунтовници често напаѓаат шиитски области во обид да ја поткопаат стабилноста на ирачката влада, предводена од шиити.
Според податоците на ОН, речиси 9 илјади луѓе загинале во насилствата во Ирак во минатата година.
XS
SM
MD
LG