Достапни линкови

Косово: Красниќи и Лимај со нов политички субјект


Јакуп Красниќи

Јакуп Красниќи

Актуелниот претседател на косовскиот парламент, Јакуп Красниќи и Фатмир Лимај, денеска јавно ќе го промовираат нивниот нов политички субјект, кој најверојатно ќе се вика „Граѓанска иницијатива за Косово“. Формацијата нема да се регистрира како политички субјект, поради периодот кој може да се изгуби поради парламентарните избори. Нејзин лидер ќе биде Лимај, додека Красниќи претседател на Националниот совет, објавија медиумите во Приштина.
Красниќи и Лимај до сега беа членови на Демократската партија на Косово на актуелниот косовски премиер Хашим Тачи. Поради недоразбирањата главно на релација Красниќи-Тачи, Красниќи кон крајот на минатата година најави формирање нова политичка партија.
Како што се дознава од партиски извори уште неколку пратеници од Демократската партија ќе преминат во новата партија.
XS
SM
MD
LG