Достапни линкови

ДУИ - бојкот на претседателските и предвремени парламентарни избори


Демократска унија за интеграцијa.

Демократска унија за интеграцијa.

Бојкот на следните претседателски избори и отпочнување иницијатива за распуштање на Собранието и организирање предврмени парламентарни избори, ваква одлука донесе централното претседателство ДУИ на вонредна седница во партиското седиште во Мала Речица.

„ДУИ одлучи да не учествува со свој кандидат на следните претседателски избори, да ги повика Албанците да не поддржат ниту еден кандидат и со тоа да дадат лажен легитимитет на идниот претседател, но истовремено да води активна кампања за промоција на концептот за консензуален претседател се до нејзината конечна реализација. Парламентарната група на ДУИ да поднесе иницијатива за распуштање на Собранието и да се организираат предвремени парламентарни избори“, рече генералниот секретар на партијата Абдилаким Адеми,

ДУИ ги повика сите парламентарни групи да се придружат на нивната иницијатива и да го поддржат предлогот за распуштање на Собранието. Побара сите политички државни фактори, како и граѓаните да дадат свој придонес за организирање слободни, фер и демократски избори за, како што велат, да се докаже дека имаме капацитет и политичка зрелост.
XS
SM
MD
LG