Достапни линкови

Стево Пендаровски ќе биде претседателски кандидат на СДСМ


Стево Пендаровски, професор на Универзитетот „Американ Колеџ“ во Скопје, се согласил да биде кандидат на СДСМ за претседател на Македонија. По ова се очекува неговата номинација да биде единствена на конгресот на СДСМ закажан за вторник, 4 март. Пендаровски за медиумите потврди дека ја прифатил понудата. Тој за весникот Вест изјави:

„Предложен сум за кандидат за претседател на Македонија од сите 76 општински организации на СДСМ. Според она што ми го соопштија партиските органи, имам најголема поддршка, споредено со кој било друг кандидат предложен од партиската база.“

Кандидатурата на Пендаровски, веројатно, ќе биде доставена до ДИК со поддршка од најмалку 30 пратеници, бидејќи на 2 март, два дена пред Конгресот на СДСМ, истекува рокот за собирање 10 илјади граѓански потписи за учество на претседателските избори.
XS
SM
MD
LG