Достапни линкови

НАТО ги започна плановите за повлекување од Авганистан


Брисел - 27.02.2014

Брисел - 27.02.2014

Министрите за одбрана на НАТО соопштија дека Алијансата почнува да го планира повлекувањето на силите од Авганистан до крајот на годината.

На состанокот во Брисел е речено дека одбивањето на претседателот Хамид Карзаи да го потпише договорот со САД за статусот на силите во земјата по 2014 година е намалување на шансите дека таков договор ќе биде потпишан.

Министер за одбрана на Република Македонија Талат Џафери кој учествуваше на состанокот во Брисел изјави дека ја очекува правната рамка што ќе ја одреди Северно-атлантската алијанса, за потоа да одлучуваат и македонската Влада и Собрание, со цел македонските војници да бидат дел и од „пост-ИСАФ“ мисијата што ќе ја предводи НАТО, по военото повлекување до крајот на оваа година од земјата.
XS
SM
MD
LG