Достапни линкови

Дневен печат - Претседателски избори и бомба пред СДСМ


Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов ја најавува кандидатурата за нов претседателски мандат на престојните избори.

Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов ја најавува кандидатурата за нов претседателски мандат на престојните избори.

Претстојните претседателски избори се во фокусот на дневниот печат. Весниците пишуваат и за бомбата пред СДСМ во скопски Карпош.

„Иванов рече - ДА - привршува политичкиот театар околу претседателските избори. Експертите велат Конвенцијата на 1 март ќе биде само фарса“ - напиша Утрински, откако Иванов го прифати предлогот на група интелектуалци, но и на актуелни министри од власта да се кандидира за втор мандат.
ДУИ даде рок до сабота - партијата ќе ги повика Албанците да ги бојкотираат претседателските избори доколку ВМРО-ДПМНЕ на конвенцијата ја официјализира кандидатурата на Иванов за втор мандат.

Нова Македонија исто така наслови дека Иванов влегува во трката за втор мандат и ќе се трка на изборната партиска конвенција заедно со професорот Кекеновски и магистерот Ночев.
Експлозија на бомба пред штабот на СДСМ во Општина Карпош во Скопје.

Експлозија на бомба пред штабот на СДСМ во Општина Карпош во Скопје.


Слободен печат, пак, констатира дека Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ губи смисла – „Дали Груевски си го избра пуленот пред гласање?“ Слободен печат исто така тврди дека потписниците на иницијативата за Иванов, за која тврдеа дека е граѓанска и натпартиска, се нашле на списокот делегати за конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Антикорупциска ќе ги испитува Бонева и Шеќеринска.

Што се однесува до коалициониот партнер во Владата, „ДУИ даде рок до сабота - партијата ќе ги повика Албанците да ги бојкотираат претседателските избори доколку ВМРО-ДПМНЕ на конвенцијата ја официјализира кандидатурата на Иванов за втор мандат“. „ДУИ ќе побара предвремени избори ако нема консензуален претседателски кандидат“ - оди со наслов Дневник.

И меѓу овие држ-не дај, што би рекол народот, вести, експлозијата на бомба пред седиштето на општинската организација на СДСМ за Карпош, сред Скопје, каде што во четвртокот вечерта одржувале состанок 30-ина членови на подмладокот на партијата се случи и - помина. Случката дополнително се разводни со тврдењата на некои провладини медиуми дека бомбата не била наменета за опозиционерите. СДСМ реагираше дека тоа е „Црна дамка на предизборниот период“ - објави Утрински.

Вечер објавува „ексклузивно“ - како што насловува: „Разврска во врвот на СДСМ - Шеќеринска заминува, а СДСМ се враќа на власт наесен 2016 година!“

Утрински објави дека „Антикорупциска ќе ги испитува Бонева и Шеќеринска“, а насловот во Вечер гласи: „Антикорупционерите отворија досие за киријата на госпожата“, со фотографија на Шеќеринска и наднаслов: „Досие: виецпремиерка“.

Помните ли дека од 1 април ќе беа затворени сите загадувачи на воздухот што работат без филтри? Така барем изјави министерот за екологија Адеми, пред неколку месеци. Е сега, Утрински објави пак негова изјава во која Адеми ретерира од строгиот став, така што Југохром во Јегуновце и Макстил на Минчо Јорданов во Скопје изгледа ќе продолжат да ги трујат граѓаните. Макстил барал пролонгирање на рокот за инсталирање филтри за шест месеци.

Инаку, само Утрински објави дека во Индија била распишана потерница по Субрата Рој, бидејќи не се јавил на важното рочиште во Врховниот суд во врска со враќањето на 4 милијарди долари на стотина милиони измамени мали инвеститори.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG