Достапни линкови

logo-print

Шиповиќ - Не сум крив, а скапувам во затвор


Претседателот на Советот на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ, кој е првообвинет во случајот Претседавач, тврди дека не само што немало криминал, туку дека ја спасил фирмата од стечај.

Ниту сум направил штета од 17 милиони денари, ниту сум прибавил корист од 64 милиони денари. Нема ни корист, ни штета. Обвинението против мене е беспредметно, кажа во своја одбрана пред судот, претседателот на Советот на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ, кој е првообвинет во случајот Претседавач.
Не држи обвинението дека сме направиле штета од околу 17 милиони денари. Ние на државата од 2008 година досега сме и обезбедиле 400 илјади евра.

„Нема никаков криминал, а скапувам во затвор и ми се уништува моето и здравјето на семејството. Решенијата за притвор дека има мотив за бегство се неосновани. Јас дотрчав од Америка и го напуштив мојот болен син за да бидам на располагање на истражниот судија“, рече Шиповиќ.
Мирослав Шиповиќ.

Мирослав Шиповиќ.


Тој заедно со уште 11 лица е обвинет за злоупотреба на службената должност, бидејќи продале резервни делови како старо железо и покрај тоа што фирмата била во претстечајна постапка и била изречена мерка за забрана за располагање со имот. Според Шиповиќ, одлуката за продажбата била донесена пред тој да влезе во фирмата во 2008 година. Тој порача дека благодарение на него, Машинопромет, во која бил претседател на Управниот одбор, два пати е спасен од стечај.
Тоа било само за да се откачат од тоа, практично ѓубре, а истовремено да го ослободат магацинот којшто потоа го издавале.

„Не држи обвинението дека сме направиле штета од околу 17 милиони денари. Ние на државата од 2008 година досега сме и обезбедиле 400 илјади евра од наплата на долгови на сметка на УЈП, односно по 5000 евра месечно“, рече Шиповиќ.

Неговиот адвокат Стерјо Зиков вели дека не постои даночно затајување, ниту е прибавена корист, туку Шиповиќ се трудел да ја подобри катастрофалната состојба на фирмата, чија сметка е сè уште блокирана и вработените со крајни напори ги извршувале своите обврски кон УЈП.

„Тоа што безвредните, стари преку 20 години, делови за стари работни машини и камиони ги продале за старо железо, тоа било само за да се откачат од тоа, практично ѓубре, а истовремено да го ослободат магацинот којшто потоа го издавале“, рече Зиков.

Додека траеше рочиштето пред судот, поддршка на Шиповиќ му дадоа припадниците на опозицијата, кои порачаа дека се убедени во неговата невиност и го повикаа судот да одлучи согласно законите, а не по диктат од власта. Судењето продолжува на 6 март.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG