Достапни линкови

За нов премиер на Украина избран Јатсенјук


Арсениј Јатсенјук, еден од лидерите на анти-владините протести во Украина, е избран за премиер на новата коалициона влада. Во Украинскиот парламент е формирана и нова владина коалиција. Во првото обраќање, Јатсенјук предупреди дека престојат непопуларни одлуки за справување со економската криза, а најави и приоритетно обновување на преговорите со Европската Унија и со меѓународниот монетарен фонд за финансиска помош. Тој додаде и дека Русија ја смета за партнер, а не само сосед.
XS
SM
MD
LG