Достапни линкови

Парламентарните избори сè поизвесни


Премиерот Никола Груевски гласа за време на локалните избори 2013.

Премиерот Никола Груевски гласа за време на локалните избори 2013.

Одржување предвремени парламентарни избори заедно со претседателските им е во прилог и на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, велат експертите. Што се однесува до опозицијата ним повеќе би им одговарало да имаат уште малку време за консолидација.

Дали ќе има или не предвремени парламентарни избори очигледно е дека зависи од договорот постигнат помеѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, а реализацијата на тој договор ДУИ вчера почна да ја навестува. Во куси црти, вака во СДСМ ја оценуваат можноста од предвремени парламентарни избори.
ДУИ стои на ставот да се има консензуален кандидат за претседател, нешто што за преостанатите партнери во коалицијата е неприфатливо како решение.

Дел од партнерите во владејачката коалиција посочуваат дека, според актуелните збиднувања, по сè изгледа дека ќе дојде до предвремени парламентарни избори.

„Тие најверојатно ќе бидат по барање на ДУИ, од она што можеме да го добиеме како информација од медиумите, бидејќи ДУИ стои на ставот да се има консензуален кандидат за претседател, нешто што за преостанатите партнери во коалицијата е неприфатливо како решение“, изјави Малиша Станковиќ од Социјалистичката партија.

Што се однесува на односите меѓу ВМРО-ДМНЕ и ДУИ, тој се воздржува од коментар, но инсистира дека спорот е само околу концептот за консензуалниот претседател, а дека Собранието функционира нормално.
Имајќи предвид дека во моментов имаат некаква предност во анкетите, што, условно речено, би им овозможило да направат владино мнозинство, тоа за нив е поопортуно, одошто да чекаат уште година дена во која може да се промени политичката сцена.

Од ДУИ вчера најавија дека ќе ги повикаат Албанците да ги бојкотираат изборите доколку коалицискиот партнер ВМРО-ДПМНЕ на конвенцијата в сабота ја официјализира кандидатурата на актуелниот претседател Ѓорге Иванов за втор мандат. Според портпаролот Бујар Османи, ваквата ситуација отвора можност ДУИ да побара предвремени парламентарни избори.

Според дел од експертите, предвремени парламентарни избори најверојатно ќе има. Петар Арсовски оценува дека одржување предвремени парламентарни избори заедно со претседателските избори им е во прилог и на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ.

„Имајќи предвид дека во моментов имаат некаква предност во анкетите, што, условно речено, би им овозможило да направат владино мнозинство, тоа за нив е поопортуно, одошто да чекаат уште година дена во која може да се промени политичката сцена“, вели комуникологот Петар Арсовски.

Ибархим Мехмети вели дека она што се случува делува неуверливо и нејасно во смисла дали има разидување во ставовите или, пак, само се произведе дебата која им оди во прилог. Нема потреба од избори доколку реално нема несогласување во владината коалиција, смета Мехмети.

„Треба да се прашаат овие политички партии што всушност сакаат, дали има причина да има предвремени парламентарни избори, дали претседателскиот кандидат е причината да има разидување и ако имаат нека излезат и нека кажат, оти вака делува навистина неуверливо и остава многу отворени дилеми за тоа дали дали и колку се искрени“, вели Ибрахим Мемети.

Што се однесува на опозицијата, експертите сметаат дека ним повеќе би им одговарало да имаат уште малку време за консолидација и за посериозна платформа пред изборите, но дополнуваат оти тие нема да имаат избор да ги одбијат, зашто секоја опозиција се бори што поскоро да дојде на власт.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG