Достапни линкови

Јанукович тврди дека и натаму е претседател


Виктор Јанукович во денешната пишана порака до Укринците тврди дека сеуште е претседател на Украина, јавуваат руските медиуми. Јанукович вели дека тој е легитимно избран претседател на државата и оти побарал од руските власти да му ја гарантираат личната безбедност. Според рсуките медиуми, Русија се согласила да му ја гарантира безбедноста.
Во меѓувреме, руските власти ги демантираа информациите дека Јанукович е во санаториум на Кремљ, во близина на Москва. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Пешков изјави дека нема информација за тоа каде е Јанукович, кого Москва и натаму го смета за легитимен претседател на Украина.
XS
SM
MD
LG