Достапни линкови

logo-print

На Крим тензично по вооружениот упад во парламентот


Вооружени лица ги зазеле зградите на кримската влада и парламентот во Симферопол каде што вчера дојде до конфронтација меѓу проруските сепаратисти и поддржувачите на новите украински власти. По овој потег, украинските безбедносни сили во градот биле ставени во состојба на готовност. Соединетите Држави отворено ја предупредија Русија дека евентуалната воена интервенција во Украина би била голема грешка.

Според премиерот на Кримм Анатолиј Мохилиов, луѓе со оружје влегле во зградите во текот на изминатата ноќ при што истакнале руски знамиња.
Никој не знае што се случува внатре во моментот. Околу 30-тина вооружени луѓе влегоа во зградата и ја го истераа обезбедувањето оттаму.

Тој додаде дека локалните власти се подготвувале да преземат извесни мерки без да наведе детали.

Привремениот претседател на Украина Олександар Турчинов повика на смиреност и ја обвини Русија за воена агресија врз Крим.

„Никој не знае што се случува внатре во моментот. Околу 30-тина вооружени луѓе влегоа во зградата и ја го истераа обезбедувањето оттаму“, изјави еден од очевидците, наведувајќи дека тие влегле во зградите откако пукале во стаклентите врати при што никој од обезбедувањето не бил повреден.
Почитувани жители на Крим и Севастопол, не дозволувајте да бидете искористени во шеми и планови на политички авантуристи.

Ним им било наредено да ги напуштат зградите. Според некои непотврдени информации, зградите биле под контрола на група проруски жители на Крим.

Лидерот на кримските Татари, Рафет Чубаров, соопшти дека зградите биле окупирани од вооружени луѓе во униформи кои немале никакви знаци за распознавање.

Во Украина растат тензиите меѓу Украинците и Русите во источниот и јужниот дел на земјата.

На Крим, антируските демонстранти влегоа во регионалниот парламент каде што се одржуваше вонредна седница на која проруските пратеници бараа референдум за отцепување од Украина.
Би било важно земјата која во последнава година често зборува против странска интервенција во Либија, Сирија и на други места, сама да го послуша тоа свое предупредување додека размислува за опцииите за суверена Украина.

„Почитувани жители на Крим и Севастопол, не дозволувајте да бидете искористени во шеми и планови на политички авантуристи. Не дозволувајте пролевање крв и расцеп на земјата. Јас, Виталиј Кличко, со целосна одговорност ви тврдам дека не постојат митски радикали и националисти и планови за мешање во животот на полуостровот“, им порача еден од лидерите на киевските протести Виталиј Кличко, кој најави дека ќе се кандидира за претседател на Украина.

Вчера, руските сили во западниот дел на Русија се ставени во состојба на висока готовност, заради, како што е соопштено во Москва, големи воени вежби, вклучувајќи ја и областа кај границата со Украина.

НАТО сојузниците ќе продолжат да ги подржуваат сувернитетот и независноста на Украина.
Москва најави дека ако е неопходно ќе преземе мерки за одбрана на Руската Црноморска флота, чија главна база е во Севастопол.

Американскиот државен секретар Џон Кери во Вашингтон констатирајќи дека рускиот претседател Владимир Путин наредил големи воени вежби во кои многумина гледаат како на демонстрација на сила или на можен вовед во интервенција во Украина, изјави дека би било лицемерно Москва да испраќа трупи во друга земја.

„Би било важно земјата која во последнава година често зборува против странска интервенција во Либија, Сирија и на други места, сама да го послуша тоа свое предупредување додека размислува за опцииите за суверена Украина“, изјави Кери, додавајќи дека тоа би било кршење на територијалниот интегритет на Украина, што би било голема грешка.

Тоа го оцени и генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен на состанокот на минситерите за одбрана на Алијансата во Брисел:

„НАТО сојузниците ќе продолжат да ги подржуваат сувернитетот и независноста на Украина. Ќе продолжиме да го поддржуваме украинскиот територијален интегритет, како и принципот за неповредливост на границите“, изјави Расмусен.

Инаку, Џон Кери најави дека Вашингтон разгледува доделување милијарда долари кредитни гаранции и друга директна помош за новата украинска влада по немирите кои доведоа до соборување на претседателот Виктор Јанукович која ја имаше поддршката на Русија.

„Ова не е игра кога еден добива, а друг губи. Ние тоа не го гледаме низ објективот Исток-Запад. Ние гледаме дека еден народ на суверена држава изразува желба да ја избере својата иднина. А тоа е голема сила“, рече Кери, додавајќи дека преодната власт треба итно да се посвети на реформите, сузбивањето на корупцијата и подготовката на слободни избори.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG