Достапни линкови

Ревизорските извештаи се игнорираат


Macedonia - A woman enters the building of the Macedonian Government, Skopje, 04Aug2010
Macedonia - A woman enters the building of the Macedonian Government, Skopje, 04Aug2010

Државниот завод за ревизија годинава поднел повеќе извештаи за лошото финансиско работење на државните институции во однос на лани, но праксата покажува дека нивните наоди се игнорираат.

Државниот завод за ревизија во изминатиот период излезе со низа забелешки за трошењето на народните пари од страна на државните институции. Беа утврдени нерегуларности во работењето на Министерството за здравство, потоа нецелосната евиденција за трошоците на Агенцијата за странски инвестиции и незаконското делење на 13 плата и авторски хонорари на вработените во Регулаторната комисија за енергетика. Но, праксата покажува дека нивните наоди се игнорираат.
Одговорноста е уште поголема од државните институции кои се овластени, а не преземаат никакви мерки.
Осман Кадриу, универзитетски професор.

Професор Осман Кадриу вели дека доколку заводот за ревизија открил лошо финансиско работење поткрепено со факти, надлежните органи се должни да преземат натамошни мерки.

„Тука во најмала рака станува збор за конкретни прекршоци. А во таквите постапки и во нивното однесување може да има и елементи на конкретни кривични дела “, вели Кадриу.

Поранешниот антикорупционер Драган Малиновски вели дека ревизорските извештаи сами по себе содржат констатации за тоа како се користат парите од буџетот, при што нивните забелешки треба да бидат земени сериозно во предвид од страна на субјектите во кои е вршена контролата.
Доколку во ревизорските извештаи бидат констатирани незаконитости кои имаат елементи на кривични дела, тука постапката треба да продолжи пред надлежниот јавен обвинител.
Драган Малиновски, поранешен антикорупционер.

„Тоа е едното ниво, тие мораат, должни се и се очекува од нив да постапат по забелешките на ревизорот и да ги отстранат неправилностите кои се констатираат, тоа е едното ниво на реакција, меѓутоа доколку во ревизорските извештаи бидат констатирани незаконитости кои имаат елементи на кривични дела, тука постапката треба да продолжи пред надлежниот јавен обвинител и да се има соодветна судска разрешница.“

Кадриу порачува дека и е во интерес на државата надлежните институции кои се одговорни за следење на таквите појави да преземат мерки и да ја остварат својата функција.

„Тука мора да се оди до крај и да се воведе една финансиска дисциплина без која нема развиток на државата и тоа претставува исто така еден вид на криминално однесување од државата, кое е санкционирано во секое позитивно законодавство и во секоја правна држава, а исто така е санкционирана и во нашата држава. Одговорноста е уште поголема од државните институции кои се овластени, а тоа значи кои се задолжени да постапуваат по утврдените состојби од страна на Државниот завод, а не преземаат никакви мерки.“

Од Државниот завод за ревизија велат дека оваа година во однос на лани поднеле повеќе извештаи за лошото финансиско работење на државните институции.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG