Достапни линкови

Претседателот Иванов во посета на Чешка


Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, на покана на неговиот чешки колега Милош Земан денеска ќе престојува во официјална посета на Чешката Република. За време на посетата Иванов, покрај со претседателот Земан, ќе се сретне и со премиерот Бохуслав Соботка. Во пресрет на посетата на Иванов, портпаролот на Земан, Јиржи Овчачек изјави дека еден од приоритетите на надворешната политика на Чешка е влез на земјите од Западниот Балкан во ЕУ, а Македонија е една земјите-кандидатки во Унијата и се стреми за приклучување кон НАТО.
XS
SM
MD
LG