Достапни линкови

Германската канцеларка во посета на Лондон


Германската канцеларка Ангела Меркел денеска е во посета на Лондон, а се очекува да се обрати пред британскиот парламент пред одржувањето разговори со премиерот Дејвид Камерон и со кралицата Елизабета Втора. Говорот ќе биде првиот од обединувањето на Германија во 1990 година кога германската канцеларка се има обратено пред двата дома на Парламентот. Посетата на шефот на најмоќната земја на Европската унија доаѓа пред изборите за Европскиот парламент во мај и една година пред британските парламентарни избори. Камерон им вети на своите сограѓани дека ќе ги измени односите меѓу Велика Британија и ЕУ и ќе овозможи референдум за членство во Унијата, ако тој е реизбран. Британскиот лидер се обидува да добие некаква поддршка од Меркел за реформите на ЕУ.
Меркел, исто така ќе се сретне со лидерот на опозицијата Ед Милибанд од Лабуристичката партија, која во моментов води пред Камерон во анкетите за јавното мислење.
XS
SM
MD
LG