Достапни линкови

logo-print

Потпишани копии од делото на Хитлер на електронска аукција


Потпишани копии од Адолф Хитлер на неговата книга "Мојата борба", ќе се најдат на аукција денеска во Лос Анџелес. Наддавањето во онлајн аукцијата започнува со 20.000 долари. Сопственикот на аукциската куќа за продажба на книги, Нејт Сандерс е Евреин. Книгите, кои биле лично потпишани од страна на Хитлер за германскиот офицер Јозеф Бауер, беа продадени за 25.000 долари на аукција во Лондон пред две години. Во "Мојата борба", Хитлер опишува како тој станал антисемитист и милитарист и ја нуди својата визија за заживување на Германија по Втората светска војна. Таа беше објавена во два тома во 1925-1926 година.
Поседувањето на книгата е официјално забрането во некои земји, вклучувајќи ја и Русија.
XS
SM
MD
LG