Достапни линкови

Над 170 сириски бунтовници убиени во заседа


Сириските државни медиуми објавија дека повеќе од 175 бунтовници биле убиени во заседа на сириската армија во близина на Дамаск. Новинската агенција САНА објави дека нападот се случил вчера во областа која ја контролира опозицијата во источниот дел. Бројките се уште не можат да бидат потврдени. Според еден командант во областа најголемиот дел од борците припаѓал на фронтот Ал-Нусра , движење поврзано со терористичката Ал-Каеда, кое има за цел да го собори сирискиот претседател Башар ал-Асад и да создаде исламска држава во Сирија. Меѓу загинатите имало Саудијци, Катарци и чеченски бунтовници. И сириската опсерваторија за човекови права извести за заседата, соопштуваќи дека 70 бунтовници загинале во нападот.
XS
SM
MD
LG