Достапни линкови

Кери очекува потпис на договорот за безбедносна соработка со Авганистан


Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека следниот претседател на Авганистан ќе го потпише билатералниот договор за безбедност кој предвидува американските војници да останат во земјата по оваа година. Тој додаде дека ако не бил авганистанскиот претседател Хамид Карзаи, денеска работите ќе биле поинакви. САД изразија жалење и незадоволство од одбивањето на Карзаи да го потпише договорот за кој се преговараше минатата година. Кери рече дека поголемиот дел од авганистанските претседателски кандидати се изјасниле дека ќе го потпишат. Изборите треба да се одржат на 5 април.
Во меѓувреме, генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен, изјави дека Карзаи нема да го потпише договорот, но дека тие веќе го планираат распоредувањето на војниците под претпоставка дека новиот претседател ќе го потпише.
XS
SM
MD
LG