Достапни линкови

Курц: Можно е Србија да влезе во ЕУ во 2018


Шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц изјави дека посакува што побрз пат на Србија во ЕУ, можеби веќе до 2018 или 2019 година, јави Танјуг. Курц истакнал дека Србија е на добар пат и повторил дека Австрија е заинтересирана за реформи во Србија.Запрашан колкави се шансите Србија да го заврши пристапниот процес до крајот на 2018, односно во почетокот на 2019 година, како што сака српската Влада, Курц изјавил дека се зависи од брзината на реформите.
По Белград Курц патува за Приштина, каде денеска треба да се сретне со косовскиот премиер Хашим Тачи и со министерот за надворешни работи Енвер Хоџа.
XS
SM
MD
LG