Достапни линкови

Турција ја засили контролата врз интернетот


Турскиот Парламент усвои измени на законот со кој се засилува држвната контрола врз интернетот. Законските измени беа одобрени, откако беа усвоени неколку амандмани поднесени од пратениците. Парламентот првично го усвои законот пред две седмици, по што минатата недела турскиот претседател Абдула Ѓул го потпиша, но побара од пратениците да преразгледаат некои членови, кои, според него, биле недемократски. Според една од измените, Дирекцијата за телекомуникации има право да добива информации за интернет сообраќајот само со судски налог, освен во случај кога има опасност од сајбер напад или вируси.
XS
SM
MD
LG