Достапни линкови

Продолжуваат протестите во БиХ


Сараево, 26.02.2014.

Сараево, 26.02.2014.

Стотици демонстранти денеска повторно се собраа во Тузла и Зеница, незадоволни со социјалната ситуација, а протестите продолжуваат и во Сараево. На улиците на Тузла излегоа стечајни работници, кои ги поттикнаа протестите низ БиХ на 5 февруари. Работниците најпрво протестираа пред седиштето на кантоналниот суд и обвинителството, барајќи брзо процесуирање на одговорните за лошата приватизација на фирмите. Демонстрантите бараат и отставка на општинските власти и побрзо именување нова кантонална влада. Околу 500 демонстранти се собраа денеска во Зеница барајќи непартиска влада, ревизија на приватизацијата и намалување на платите во јавниот сектор. Во Сараево се собраа неколку стотици демонстранти, кои го блокираа сообараќајот во близина на Претседателството на БиХ. Претставничкиот дом на Парламентот ја заврши дводневната вонредна седница на која е заклучено дека се разбираат барањата на граѓаните, но и потребата од зачувување на уставниот ред и безбедност.
XS
SM
MD
LG