Достапни линкови

НБМ - Наумов не напаѓа пред секои избори


Кабинетот на Гувернерот на Народната банка на Република Македонија испрати соопштение во кое се наведува дека деновиве, била повторно мета на шпекулации пласирани од Кире Наумов.

„Веќе станува негов стил, секогаш пред изборите, наместо да се соочи со своите политички противници, тој да се нафрлува врз Народната банка и врз гувернерот.
Тоа секако не е случајно, бидејќи токму Народната банка е главниот столб на макроекономската стабилност на македонската економија и затоа е цел на сите што сметаат дека би имале корист од нејзиното нарушување“, се вели во соопштението.

Натаму меѓу другото се наведува во соопштението дека податоците за долгот на централната влада и за јавниот долг во ниедна земја во Европа не се надлежност на централната банка туку дека се јавно достапни на веб-страницата на Министерството за финансии.
XS
SM
MD
LG