Достапни линкови

Давитоглу - Сирија е закана за сите


Војната во Сирија во моментов претставува закана за сите земји, бидејќи на Владата на сирискиот претседател Башар ал Асад и е дозволено да продолжи да извршува „злосторства“, додека џихадисти од целиот свет доаѓаат во земјата за да се борат против неа, изјави турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу.
Тој посочи дека е неопходна јасна меѓународна стратегија, која вклучува „вистинска соработка“ меѓу разузнавачките служби на различните земји и повлекување на сите странски борци со цел да биде прекинат конфликтот и да им се помогне на милионите Сиријци, кои ги трпат последиците од насилството.
XS
SM
MD
LG