Достапни линкови

Венизелос - во Скопје „непријатна атмосфера“


Грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос го информираше Постојаниот комитет за национална одбрана и надворешни работи на грчкиот Парламент за неговата турнеја низ Западен Балкан, и посетата на Македонија.

Венизелос, како што јави МИА од Атина, во извештајот за престојот во Македонија опфати се што се случуваше во изминатиот период, од заклучоците на Европскиот совет до политичкиот договор од 1 март 2013 година.

Тој изјави дека има многу недостатоци при исполнувањето на Копенхашките критериуми, меѓу кои се „добрососеските односи и почитувањето на меѓународното право“. Венизелос рече дека разговорите во Скопје се одвивале во атмосфера „која не била пријатна“.

Тој повтори дека македонскиот премиер го уверил оти Македонија нема територијални претензии кон Грција, ниту пак манифестира иредентизам во односите со земјата, на што Венизелос рекол дека „сето тоа треба да се рефлектира во позициите во однос на името“.
XS
SM
MD
LG