Достапни линкови

logo-print

Кевин Клосе заминува од челото на РСЕ


Кевин Клосе

Кевин Клосе

Претседателот на РФЕ / РЛ Кевин Клосе објави дека ќе ја напушти Радио Слободна Европа од 1 март 2014.
На барање на Советот за радиодифузија на Бордот на гувернери, Клосе се врати во РФЕ / РЛ во јануари 2013 година. Тој претходно беше претседател на РСЕ од 1994-1997.

Во неговиот најнов мандат, Клосе ја надгледуваше ревитализација на Рускиот Сервис на Слободна Европа, ја зајакна мултимедијалната платформа на компанијата, и раководеше со извонредна покриеност на настаните во Украина од страна на Украинскиот сервис .

" Го постигнавме она што Бордот на Гувернери го бараше, и време е да заминам од оваа функција, рече Клосе, додавајќи дека планира да работи " како независна личност во новинарството во извршување на еден поширок јавен ангажман за истакнување на важноста на работата на американските меѓународни медиуми.
XS
SM
MD
LG