Достапни линкови

Одбележување на 10 години од смртта на претседателот Борис Трајковски


Во Македонија и во Босна и Херцеговина денеска ќе бидат одбележани десет години од смртта на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски, кој загина во авионска несреќа кај Ротимље во близина на Мостар.

Во Ротимље на одбележувањето на деветгодишнината од трагичната смрт на Трајковски ќе присуствува македонска делегација предводена од претседателот Ѓорге Иванов.

На спомен обележјето обраќања ќе имаат претседателот Иванов и претседавачот на претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ.

Во Скопје, во Алејата на великаните на Градските гробишта во Бутел цвеќе на гробот на Трајковски ќе положи собраниска делегација составена од Светлана Јакимовска, Сузана Салиу, Силвана Бонева, Игор Ивановски и Рејхан Дурмиши.

Претседателот Борис Трајковски загина на денешен ден во 2004 година во авионска несреќа во близина на Мостар.Во несреќата, покрај Трајковски животот го загубија Димка Илкова-Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Кришан Лозановска од Кабинетот на претседателот, Миле Крстевски од Министерството за надворешни работи, Борис Велинов и Аце Божиновски, членови на обезбедувањето и пилотите Марко Марковски и Бранко Ивановски.
XS
SM
MD
LG