Достапни линкови

logo-print

Обама нареди план за целосно можно повлекување од Авганистан



Американскиот претседател Барак Обама му соопштил на Пентагон да подготви план за можно повлекување на Соединетите Држави од Авганистан на крајот од оваа година, соопшти Белата Куќа. До ваквата порака на Обама доаѓа бидејќи авганистанскиот претседател Хамид Карзаи одбива да го потпише билатералниот договор за останување на одреден контигент американски војници Во соопштението од Белата Куќа се дополнува дека ако авганистанската влада го потпише договорот тогаш САД се подготвени да задржат лимитиран број од нивните сили за обучување на авганистанските војници и предводење на антитерористички мисии. Во соопштението се наведува дека Обама вчера телефонски разговарал со Карзаи.
XS
SM
MD
LG