Достапни линкови

logo-print

Украина - Москва нема обврски за парична помош


Официјални руски претставници изјавија дека Москва нема обврски да даде пари за натамошна исплата на 15 те милијарди долари за Украина што беше договорено со претходниот претседател Виктор Јанукович.Рускиот министер за финансии Сергеи Сторчак изјави во вторникот дека Москва верува оти има ризик Украина да не ја врати првата рата од парите. Русија исплати 3 милијарди долари, но ја суспендираше исплатата на следните 3 милијарди, по насислствата и политичките немири што ја потресоа Украина во изминатите неколку недели. Москва одбива да ги признае поранешните опозициски лидери кои сега ја презедоа власта во Украина. Москва се согласи за парична помош во ноември откако Јанукович одби да го потпше договорот за асоцијација и стабилизација со ЕУ.
XS
SM
MD
LG