Достапни линкови

Авганистан: Експлозии во Орузган и Хелманд


Во Авганистан загинале осум лица а десетици се повредени во самоубиствен бомбашки напад во јужната провинција Орузган.Експлозијата се случила вчера во хотел во градот Тирин Кот. Официјални претставници соопштија дека меѓу повредените имало цививили. Засега не е јасно која била целта на нападот и кој е одговорен за експлозијата. Во меѓувреме три лица биле убиени а тројца други повредени во експлозија на бомба во јужната провинција Хелманд. Засега не е познато кој е одговорен за овој напад.
XS
SM
MD
LG