Достапни линкови

Меркел:Иран претставува закана за Европа, не само за Израел


Герамнската канцеларка Ангела Меркел изјави дека нејзината земја го гледа Иран како потенцијална закана не само за Израел туку и за Европа. Меркел ова го кажа вчера во Ерусалим на заедничката пресс конференција со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Како и да е Меркел рече дека дека ќе настојува да продолжат меѓународните разговори со Иран за нуклеарната програма. Нетанјаху ја повтори изрелската позиција дека Иран продолжува да произведува нуклеарно оружје .Тој додаде дека Иран произведува и балистички ракети и оти ракетите се наменети за Европа и САД. Иран ги отфрла таквите обвинувања. Меркел и Нетанјаху разговараа и за мировните разговори со палестинците во кои посредуваат американците.
XS
SM
MD
LG