Достапни линкови

До ВМРО-ДПМНЕ досега три кандидатури за претседател


За претстојната Конвенција за избор на кандидат за претседател на Република Македонија до ВМРО-ДПМНЕ денеска кандидатури доставиле претседателот Ѓорге Иванов и Божидар Ночев, магистер на науки. Претходно кандидатура за Конвенцијата достави Јове Кекеновски, универзитетски професор.
- Крајниот рок за доставување на кандидатурите до Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ за избор на претседател на Република Македонија истекува во среда заклучно со 20 часот. На Конвенцијата, која ќе се одржи на 1 март, 1.300 делегати на ВМРО-ДПМНЕ ќе избираат кандидат за претседател на Република Македонија во демократска атмосфера во согласност со процедурата предвидена во предложениот Деловник за работа на Конвенцијата, истакна на денешната прес-конференција генералниот секретар на партијата Емил Димитриев.
XS
SM
MD
LG