Достапни линкови

Одложена одлуката за укинување на ЕУ визите за Молдавија


Европскиот парламент наместо денеска, в четврток ќе гласа за укинување на визите за граѓаните на Молдавија. Претходно овој месец Комитетот за граѓански слободи, правда и внатрешни работи на европарламент го препорача овој потег, по што беше закажано денешното гласање. И Европската комисија, исто така, препорача укинување на визите за Молдавците. Според европските пратеници, граѓаните на Молдавија ќе можат да влезат без визи во Шенген зоната до мај или јуни.
XS
SM
MD
LG